ЗА НАС

Наша специјалност е веб дизајн! Ние се гордееме со нашата работа, така што наша цел не е само да се задоволат Вашите барања и потреби туку и нашите високи стандарди на квалитет.

Креираме секаков вид на веб страници и нашиот тим може да ги задоволи сите потреби, од едноставни информативни веб страници до комплетни професионални решенија креирани врз основата на Вашата компанија!

Ако сакате да ја направите Вашата веб страница водечки субјект на Вашиот бизнис, ние Ви нудиме комплетно креативно решение, комбинирано со нашите маркетинг стратегии, кое ќе Ви овозможи поголем пазар и поефикасна продажба.



УСЛУГИ


ВЕБ ДИЗАЈН
Направете го вашиот сајт поинаков од другите
Ние создаваме одлични веб-страници, кои навистина ја промовираат вашата компанија. Не е магија - само искуство на нашиот стручен тим на  веб дизајнери. Акцентот во WDStudio не е само создавање убава веб-страница, туку решение кое ќе придонесе за  промоција на вашиот бизнис  и поголема продажба.

ЛОГО ДИЗАЈН
Првиот впечаток е најважен
Познато е дека посетителите одлучуваат во првите 30 секунди дали ќе  останат на прикажаната веб страница или ќе ја исклучат. Со нашето  решение за лого дизајн добивате чисто, креативно и впечатливо лого со  кое ќе ги брендирате Вашите услуги.

ПРИНТ ДИЗАЈН
Промотивни материјали за печатење
Принт дизајнот покрај презенација на Вашите услуги нуди и интерактивност. Овозможете им на Вашите клиенти да го допрат и почувствуваат она што им го нудите. Тоа ќе Ви го овозможиме ние. Без  разлика дали тоа ќе биде брошура, мени, баннер или незаборавни бизнис  картички, ние им помагаме на клиентите да почувствуваат допир со  вашиот бренд.

CMS
Систем за управување со содржини
WDStudio гради Стручни решениа за управување со содржини (Joomla, Drupal, WordPress, Magento), веб-сајтови за мали и средни бизниси, непрофитни организации и лични/портфолио сајтови. CMS сајтовите се  многу полесни за надополнувања со нови содржини или едитирање на  постоечките.
ИНТЕРАКТИВНОСТ
Интерактивни реклами "зграбувачи на внимание"
Интернет маркетингот се "злоупотребува" секој ден, со што корисниците  стануваат "слепи" за Вашите реклами. Тука настапуваме ние. Нашите  интерактивни реклами ќе го грабнат вниманието на посетителот со сигурност. Види пример 

СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Blog, Twitter, Facebook ...
Ние Ви овозможуваме и маркетинг преку социјални мрежи. Активирањето на компоненти на Вашата веб страница како што се блог, Facebook, Twitter и други ќе овозможат Вашите клиенти да доаѓаат назад  кон Вашата веб страница.

SEO
Оптимизација за пребарување на Google, Yahoo ...
SEO вклучува подобрување на Вашата веб-страница, со цел таа да стане  пријателски оптимизирана за интернет пребарувачите како што се Google, Yahoo и др. Добро оптимизирана страница ќе достигне повисоки позиции во пребарувањата и ќе се привлечат повеќе корисници од пребарувачите  за да ја посетат Вашата веб-страница. SEO оптимизација е важен сегмент за  секоја веб-страница, со задоволство ве информираме дека сите WDStudio  веб-страници се направени со сериозна SEO оптимизација.

HOSTING
Брз и сигурен web хостинг по достапна цена
Како наши клиенти, Ви нудиме ефтини цени за вашите веб хостинг  потреби. Можете да бидете сигурни дека вашиот вебсајт е под мониторинг на хостинг-експерти 24-часа на ден.


Полината обележани со (*) се задолжителни.
 
Име: * 
 
e-mail: * 
 
Тел:    
Порака: *

 

Контакт e-mail:   contact@wdstudio.com.mk
Skype:   wdstudio.com.mk
Адреса:   Пирин Планина 59
 6000 Охрид, Македонија